Фото: Принтскрин
Страшно невреме ја погоди Анталија, Турција каде што торнадо зафати градилиште и ги уништи контејнерите во кои престојувале градежни работници.
Според информациите на турските медиуми и Анадолу, четири работници го загубиле животот, додека едно лице е повредено.
На социјалните мрежи се појавија и снимки од невремето кое изгледаше застрашувачки.
