Фото: Принтскрин
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги објави цените на горивата кои ќе важат од полноќ.
Еуросупер БС-95 поскапува за 2 денари и ќе чини 87 денари, додека Еуросупер БС98+ ќе поскапи за 2,5 денари и ќе чини 89 денари.
Дизелот, исто така, ќе поскапи за 2,5 денари од полноќ и ќе чини 92 денари.
