Фото: Принтскрин
Студентите Албанци ќе протестираат в понеделник, 18 мај од 16.30 часот со цел да го искажат незадоволството од неможноста да го полагаат правосудниот испит на албански јазик.
Страницата „Албански студенти“ испрати апел до граѓаните и колегите: „Не пропуштајте, излезете и бранете го вашиот јазик“.
Протестот е закажан за 18 мај од 16.30 часот, а локацијата на старт е Камениот мост во Скопје.
