Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е договорено тридневно примирје меѓу Русија и Украина.
Трамп на социјалните мрежи објави што се подразбира под прекинот на борбата меѓу двете земји.
„Со задоволство објавувам дека ќе следи тридневно примирје во војната меѓу Русија и Украина. Прославата во Русија по повод Денот на победата, но исто така и во Украина, затоа што тие беа голем дел и фактор во Втората светска војна. Се надевам дека ова е почеток на крајот на една долга и тешка војна“, објави Трамп.
