Необична сцена во центарот на Белград предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, откако позната инфлуенсерка беше снимена како шета маж врзан со поводник. Минувачите зачудено гледале, додека видеото за кратко време стана вирално и собра илјадници коментари.
Додека едни ја нарекоа оваа постапка провокација и маркетиншки трик, други сметаат дека станува збор за перформанс со кој сакала да привлече внимание во јавноста. Сцената предизвика бурни дискусии и повторно го отвори прашањето за границите на однесувањето на инфлуенсерите во јавен простор.
Веста ја пренесува Informernovine.
