Фото: Игор Стефановски - Иџе
Игор Стефановски – Иџе триумфираше на престижната ридско-брзинска трка во Котор, оставајќи зад себе силна меѓународна конкуренција.
Во конкуренција од повеќе од 130 врвни возачи, Иџе уште еднаш ја потврди својата класа и доминација, поставувајќи најбрзо време на патеката. Со сигурно и прецизно возење, македонскиот ас успеа да ги надмине сите ривали и да се искачи на највисокото место на пиедесталот.
Станува збор за значаен автомобилски настан кој традиционално привлекува елитни возачи од регионот. Трката е во организација на Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор.
