Фото: Принтскрин
Здружението „Animal Rescue Project“ објави дека се пронајдени две угинати кучиња и постои сомнеж за труење на животните во Кисела Вода.
Кучињата биле маалски миленици за кои се грижеле локални жители, а случајот е пријавен во полиција.
„Пронајдени се тела на две угинати бездомни кучиња. Истите биле маалски миленици и за нив се грижеле група граѓани. Случајот е пријавен во полиција и информирани се надлежните со што апелираме ИТНО да се превземат мерки. Се претпоставува дека кучињата се отруени! Ве молиме да внимавате на вашите деца и миленици во таа околина. Ова НЕ е „решение“. Ова е КРИВИЧНО ДЕЛО“, објавија од здружението.
Нивната објава и фотографиите може да се погледнат ТУКА.
