Фото: Принтскрин
Иранскиот предлог, кој претседателот Доналд Трамп засега го одбива, би го отворил Ормускиот теснец за пловидба и треба да ја укине американската блокада на Иран, а преговорите за иранското нуклеарно наоружување ќе го остави за некоја друга фаза.
Во новиот ирански предлог има неколку клучни точки за крај на војната меѓу САД, Израел и Иран.
„Гаранција дека Израел и САД нема повторно да нападнат, Иран го отвора Ормускиот теснец, САД ја укинува блокадата, идни разговори за иранската нуклеарна програма, Вашингтон го признава правото на Иран за збогатување на ураниум“, се вели во предлогот.
Трамп кажа дека не е задоволен со предлогот на Иран и постојат точки кои не може да ги прифати.
