Фото: Принтскрин
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац кажа дека неговата земја наскоро би можела повторно да делува против Иран, додека во меѓувреме добиле воена пратка од 6.500 тони.
Исто така, во израелскиот воздушен напад на јужен Либан биле убиени најмалку четири луѓе, меѓу кои и деца.
„Американскиот претседател Доналд Трамп, во соработка со Бенјамин Нетанјаху, ги предводи напорите за остварување на целите, а тоа е да се осигура дека Иран во иднина нема повторно да биде закана кон Израел. Можно е повторно да извршиме напади“, кажа Кац.
