Фото: Принтскрин
Полициски службеници во текот на вчерашниот ден лишиле од слобода две лица, кои претходно со моторна пила нападнале полицајци.
„Во текот на вчерашниот ден, среда, 29.04.2026 во 21:30 часот во атарот на с.Црнилиште, општина Долнени, полициски службеници од ПО Ропотово ги лишија од слобода Т.Т.(33) и Џ.Т.(59), двајцата од с.Црнилиште.
Претходно, истиот ден околу 12:30 часот, во атар на с.Стровија, општина Долнени, од страна на полициски службеници од Шумска полиција Прилеп биле затекнати двајцата како бесправно сечат огревни дрва, при што агресивно се однесувале кон полициските службеници, а Џ.Т. дури и со моторна пила нападнал еден од полициските службеници и се обидел да го повреди по што се дале во бегство.
По преземени соодветни оперативни мерки, Т.Т. и Џ.Т., во текот на вчерашниот ден се лишени од слобода и по целосно документирање на настанот против нив ќе следува соодветен поднесок“, објави Кире Михаилов.
