Фото: Принтскрин
Еден од осудените за случувањата во македонското Собрание на 27 април 2017 година, Јане Ченто поднесе кривична пријава против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска за попречување на правдата и злоупотреба на службена положба.
Јане Ченто кажа дека доставиле докази за тоа како се водела истрагата и судскиот процес, а воедно обезбедиле и изјава на еден од сведоците кој дал лажен исказ.
„Доказите укажуваат на комуникација меѓу висок функционер и еден сведок во постапката, меѓу брат на еден функционер и сведок, на можни договори со обвинителот и насочување на сведочењето што го даде сведокот. Тој со изјава заверена на нотар кажува дека претходниот исказ даден во постапката бил невистинит откако му било ветено дека ќе му се помогне за други кривични постапки доколку даде таков исказ“, кажа Јане Ченто.
Јане Ченто кажа дека ова е само почеток на борбата за правда.
