Фото: Принтскрин
Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше на увид на почетокот на реконструкцијата на Универзалната сала, при што одговараше и на новинарски прашања поврзани со други теми како случајот „27 април“.
„Тоа е политички монтиран случај од страна на претходната влада. Според мене, невини луѓе беа прогласени за терористи. Невини за терористи, но направија престап и требаше да одговараат за истиот. Мора да се дознае вистината за ’27 април’“, кажа Мицкоски.
