Фото: Јане Ченто
Еден од осудените за настаните на 27 април, Јане Ченто најави дека ќе поднесе тужба против поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска, објави „Слободен печат“.
„Време е за вистинска правда и вистината за 27 април. Ве покануваме да присуствувате на прес-конференција која ќе се одржи на 27 април 2026 година во 12 часот пред Основното јавно обвинителство. На прес-конференцијата ќе бидат споделени информации за поднесување кривична пријава против поранешен јавен обвинител со иницијали В.Р. и ќе бидат изнесени детали и аргументи поврзани со постапката“, се вели во најавата.
Повеќе за тоа може да прочитате на „Слободен печат“.
