Полицијата во Босна и Херцеговина, по наредба на надлежното обвинителство во регионот на Велика Кладуша, приведе малолетно лице и една возрасна жена поради сомнение за сторени сериозни кривични дела.
Според првичните информации, малолетникот се сомничи за тешко кривично дело против неговата малолетна сестра, додека жената се товари за обид за лишување од живот и други тешки последици поврзани со истиот случај.
Неофицијално, станува збор за мајка и нејзиниот син. Извори блиски до истрагата наведуваат дека малолетната жртва е нивна ќерка и сестра, девојче со здравствени и развојни потешкотии, кое во моментот на настанот било во напредна бременост.
Постои сомнение дека мајката презела насилни дејствија при што девојчето било турнато од висина. Таа го преживеала падот, но бременоста завршила со смрт на нероденото дете.
Надлежните органи продолжуваат со истражните дејствија за целосно расчистување на случајот.
Веста ја пренесува Infomax.mk
