Американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј-Ди Венс биле брзо одведени на безбедно за време на новинарска гала во Белата куќа, откако се слушнале истрели во лобито на објектот.
Вооружен маж со пушка и ножеви влегол во хотелот „Вашингтон Хилтон“ непосредно пред почетокот на свечената вечера за новинари, каде присуствувале Трамп и високи американски официјални лица. Инцидентот предизвикал паника и итна реакција од безбедносните служби.
Агентите на Тајната служба веднаш го совладале напаѓачот и го привеле, додека Трамп бил евакуиран без повреди. Некои гости се скрија под масите, а сведоци пријавиле истрели во близина на подземната сала каде се одвивал настанот.
Еден член на обезбедувањето бил погоден, но благодарение на панцирот, е во стабилна состојба.
Свечената вечер е откажана поради ризикот по безбедноста.
Веста ја пренесува Skopje1.mk
