Фото: ECrowd.mk
Веста ја сподели доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи:
За само 29 часа, благодарение на заедничката сила и солидарност, целосно се собрани средствата потребни за Ивана. Оваа брза и моќна реакција уште еднаш покажа дека кога станува збор за помош, границите не постојат.
Заедницата на ECrowd.mk уште еднаш потврди дека хуманоста е жива. Со секој гест, со секоја донација, се враќа надежта и се дава сила на оние што се соочуваат со тешки моменти.
Пораката е јасна – никој не е сам.
Од името на Ивана, нејзиното семејство и фондацијата, упатуваме искрена благодарност до сите кои се вклучија и придонесоа во оваа успешна акција. Вашата поддршка прави разлика.
