Среде ден, во едно кафуле во Болтон, Англија, непознат маж извршил напад врз лице, прободувајќи го директно во градите. Вознемирувачката сцена била снимена од безбедносните камери во локалот, при што се гледа како жртвата храбро се спротивставува и на крај успева да го неутрализира напаѓачот.
Според британските медиуми, овој случај е втор во серија од два напади со нож што се случиле во рок од неколку минути. Полицијата се сомнева дека двата инциденти се поврзани, а истрагата сè уште трае.
Веста ја пренесува Hypetv.hr
