Тешка трагедија ја потресе Србија откако новородено бебе го загуби животот во сообраќајна несреќа додека било транспортирано со возило на Итната медицинска помош.
Несреќата се случила на влезот во Крагуевац, кога амбулантното возило, под сè уште неразјаснети околности, учествувало во судир. Во возилото се превезувало бебе сместено во инкубатор, придружувано од специјалист по неонатологија, на пат кон Универзитетскиот клинички центар во градот.
Според информациите од медиумите, возилото тргнало од Чачак со цел итен медицински транспорт, бидејќи здравствената состојба на бебето била сериозна. За жал, за време на патувањето дошло до несреќата која завршила фатално за новороденчето.
Надлежните институции најавија истрага со која ќе се утврдат сите детали и причини за оваа трагедија.
Веста ја пренесува Net.hr
