Фото: crkvavelebrdo
Црквата „Св. Ѓорѓија“ во с. Велебрдо е важен дел од македонското културно наследство, но со текот на времето светиот храм ја загубил првобитната состојба и поради тоа е потребна поддршка за негова обнова.
„Веруваме дека ова место заслужува повторно да го добие својот изглед и достоинство, и да остане сведок на нашето минато и иднина.
За таа цел, формирано е официјално здружение за заштита и обнова, со наменска сметка во ХалкБанка, преку кое транспарентно ќе се реализира целата иницијатива.
Затоа ја започнуваме оваа мисија – со желба да ја зачуваме и обновиме црквата „Св. Ѓорѓија“, се вели во објавата.
