Фото: Принтскрин
Опозициската СДСМ вели дека поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски имал унгарски и српски пасош.
СДСМ се повикува на информации кои биле доставени до нив, а останати детали ги пренесува во соопштението.
„Последните информации доставени до СДСМ укажуваат дека Никола Груевски веќе поседува унгарски и српски пасош“, велат од опозициската партија.
Груевски засега нема реакција на овие обвинувања.
