Фото: Принтскрин
Американскиот претседател Доналд Трамп објави порака преку социјалните мрежи во која посочи дека победува во војната со Иран.
„Победувам во војната, и тоа убедливо. Работите одат по планот, нашата војска е неверојатна, а ако читате лажни вести, би помислиле дека ја губиме битката. Непријателот е збунет затоа што добива такви медиумски известувања, а притоа гледа дека морнарицата им е уништена. Губат по 500 милиони долари дневно, што е неодржливо“, објави Трамп.

