Фото: Принтскрин
Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски доби прашање од новинарите за евентуалната екстрадиција на поранешниот претседател на владата, Никола Груевски.
Мицкоски кажа дека одлуките за таквите процеси ги носи Владата во Унгарија, а исто така посочи дека Груевски ќе заврши во затвор доколку реши да се врати во Македонија.
„Доколку се врати во Македонија, тој има правосилна пресуда и веднаш ќе биде упатен на отслужување на затворска казна“, кажа Мицкоски.
