На самиот ден на Велигден избувнал голем пожар во манастирот Бистрица, кој се наоѓа во романскиот округ Валчеа, при што огнот целосно го зафатил покривот на објектот. Според првичните информации, пламените јазици брзо се прошириле, а густ чад се издигнал над целиот манастирски комплекс.
За време на интервенцијата, пожарникарите во внатрешноста на објектот пронашле тело на монахиња, што ја прави оваа несреќа уште потрагична. Причината за избувнувањето на пожарот засега не е утврдена, а надлежните институции започнале истрага за да ги разјаснат сите околности.
На терен дејствувале повеќе противпожарни екипи кои успеале да го стават огнот под контрола, но зад себе оставил значителна материјална штета. Верниците и локалното население се во шок од трагедијата што се случи токму на еден од најголемите христијански празници.
Веста ја пренесува Senzor.rs
