Фото: ChatGPT
Земјотрес со интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран минатата ноќ околу 00.22 часот во источниот дел на Македонија.
Епицентарот на потресот е во подрачјето Делчево – Берово, а истиот бил почувствуван и во Пехчево и другите места во околината.
Ова е послаб земјотрес и засега нема пријави за материјални штети.
