Фото: Принтскрин
Бродовите кои планираат да поминат низ Ормускиот теснец треба да изберат алтеративен пат за да ги „почитуваат принципите на поморска безбедност и да бидат заштитени од можни судири со морски мини“, се наведува во соопштението на иранската гарда.
Не е јасно колку бродови во моментов воопшто и можат да поминат низ Ормускиот теснец, затоа што се појавуваат контрадикторни информации. Иранските државни медиуми пишуваат дека Ормускиот теснец и понатаму е затворен, а од друга страна доаѓа предупредување.
„Секој брод кој ќе помине без дозвола, ќе биде уништен“, се вели во соопштението.

