На 1 април, островот Крит се најде под ударот на екстремна бура која дојде во комбинација со песочна олуја донесена од Сахара. Ова необично природно сценарио предизвика хаос на целиот остров, особено во воздушниот сообраќај, каде видливоста драстично опадна, а локалните медиуми забележаа и ретки феномени како торнада.
На аеродромот во Хераклион, видливоста се намали на само 1.000 метри, што е критично ниво за безбедно слетување. Поради тоа, најмалку два авиони беа пренасочени кон други аеродроми. Летот на „Скај експрес“ од Брисел мораше да се сврти кон Атина, додека „Бритиш Ервејс“ од Лондон се упати кон Крф.
Ова необично време предизвика и големи главоболки за туристите и локалните жители, кои денот го поминаа следејќи предупредувања за безбедност.
Веста ја пренесува Слободен печат.
