Фото: Принтскрин
Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи, заедно со одделенијата на СВР во Битола, Охрид и Струмица, спроведува голема координирана операција на повеќе локации низ државата, известуваат извори блиски до истрагата.
Според достапните информации, се вршат претреси на седум адреси со цел прибирање докази за кривичното дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено во Кривичниот законик. Еден од претресите е насочен кон лице поврзано со бугарско здружение кое делува во земјава.
Од МВР соопштуваат дека при претресите се одземаат компјутери и други дигитални уреди, како и податоци кои ќе бидат анализирани и ќе служат како доказ во текот на истрагата. Според неофицијални информации, едно од лицата опфатени со акцијата има врска со медиумска работа, вклучително поткасти.
