Фото: Принтскрин
Кошаркарите на Баерн Минхен запишаа важна победа над Фенербахче со 85-76 во 35. коло од Евролигата, а во центарот на вниманието беше македонскиот играч Ненад Димитријевиќ.
Домаќинот уште од самиот старт наметна силно темпо и ја доби првата четвртина со убедливи 25-12, а стекнатата предност ја задржа и до паузата (43-30). Во продолжението, гостите од Турција успеаја да се доближат и да ја намалат разликата на само пет поени, но Баерн брзо ја стабилизираше играта и повторно се одлепи на двоцифрена предност. Во завршницата, Фенербахче се закани со пресврт и дојде на минус три, но германскиот тим не дозволи изненадување и со сигурна игра го приведе мечот во своја корист.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со 22 поени, надополнети со еден скок и три асистенции.
