Фото: Принтскрин
Пред неколку дена се случил сериозен инцидент во Скопје, кога возач на „БМВ“ удрил во тротинет, а потоа го нападнал лицето, а „Слободен печат“ ја објави снимката од несреќата.
„На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(32) од Скопје затоа што околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, со патничко возило „бмв” удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје, а потоа и физички го нападнал. По целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот законик“, соопшти МВР пред неколку дена.
Снимката погледнете ја на „Слободен печат“ (ТУКА).
