Фото: Принтскрин
Нова трагедија ја потресе Македонија, откако синоќа бил прегазен пешак во скопското село Марино, во општина Илинден.
„На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба“, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
