Бетонските површини и столбовите под „Скендербег“ покажуваат знаци на распаѓање, поради што од Град Скопје најавија дека ќе извршат увид на терен.
Од градските власти посочуваат дека по спроведениот увид ќе следи темелна анализа на состојбата, која ќе ги опфати и носечките столбови и бетонските плочи над булеварот. Врз основа на проценката, ќе се разгледаат можностите за санација со цел да се избегнат потенцијални ризици и несакани последици.
Веста ја пренесува Слободен печат.

