Фото: Принтскрин
Иранските напади врз Катар се сериозен удар врз глобалниот енергетски пазар, откако беше потврдено дека се оштетени дури 17 отсто од капацитетите за извоз на течен природен гас.
Како што кажа извршнито директор на „КатарЕнерџи“, Саад ал-Кааби, погодени се три централи, а нивната обнова би можела да трае од три до пет години.
„Ниту во најлудите соништа не можев да замислам дека Катар и цел регион ќе биде мета на овие напади, посебно од страна на братска муслиманска земја, и тоа во месец на Рамазан“, кажа Ал-Кааби.
