Во текот на денешниот ден, на раскрсницата меѓу улиците Јове Илиќ и Булевар Ослободување, во близина на Заводот за воспитување на деца и младинци, се случил напад врз доставувач.
Според сведоштва на очевидци, неколку лица го пресретнале и физички го нападнале со намера да му одземат пари. По инцидентот, напаѓачите избегале во непознат правец.
Засега нема официјални информации за здравствената состојба на нападнатиот, ниту пак дали сторителите се идентификувани или приведени.
Веста ја пренесува moj_beo_grad_
