Фото: Македонска Џиу - Џица Федерација
Македонската спортистка Катерина Ацевска успеа да освои бронзен медал на Европското првенство (ЕП) во џиу-џицу кое се одржа во Хераклион на Крит.
Ацевска во првото коло беше слободна, по што во втората рунда се соочи со Лота Сандер од Гермнија и беше поразена.
Потоа се соочи со Сесилија Де Алора и триумфира со 9-2, додека против Хрватката Надина Билјановиќ славеше со 14-4.
