
Македонската фудбалска репрезентација славеше со 1-0 против Фарски Острови во шестото коло од групата 4 во Ц-лигата во Лигата на нации.
Фарски Острови повторно се покажа како незгоден противник, иако Македонија ја имаше контролата врз средбата, а голот за победа го постигна преку Бојан Миовски во 62. минута.
Македонија ја заврши групната фаза со 16 бодови, односно девет повеќе од Ерменија, по што следат Фарски Острови и Летонија.