Фото: Принтскрин
Вечерва од полноќ се зголемуваат цените на горивата во Македонија.
Со новата одлука на РКЕ, малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 изнесува 86,50 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава по 88,50 денари за литар. Зголемување има и кај екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија цена сега достигнува 89,50 денари за литар.
Покачување има и кај дизел горивото. Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за 6,50 денари по литар во однос на претходно утврдената цена, па ќе чини 92 денари за литар.
