Фото: Принтскрин
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и работниците денеска (14.03.2026) со почеток од 12.05 часот ќе одржат протест за зголемување на минималецот на 600 евра, како и на останатите плати за дополнителни 100 евра.
„Протестот се предвидува да продолжи по улиците “Филип Втори Македонски”, “11-ти Октомври”, “Димитрие Чуповски”, “Даме Груев”, Булевар “ВМРО” и да заврши на Булевар “Илинден” пред Владата на Република Северна Македонија .
Предвидено е запирање пред Собранието на Република Македонија, пред Стопанската комора и пред Владата на Македонија каде ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки на најголемите виновници кои низ годините предизвикаа нашите работници веќе подолг временски период да не живеат, туку само да се обидуваат да преживеат како знаат и умеат, бидејќи нивните платите не ги следат реалните трошоци на животот“, се вели во повикот за протест.
