Фото: Принтскрин
Полицијата во унгарскиот град Мако, кој се наоѓа во близина со границата во Србија, почна потрага по седум деца со исто презиме кои исчезнаа на 7 март.
На почетокот беше пријавено исчезнување на пет браќа и сестри, но набрзо се утврди дека исчезнале уште две деца.
Најмладото дете има само две години, додека највозрасното има 11 години. Околностите за нивното исчезнување се уште неразјаснети.
Полицијата трага по Абел Бузас, Кевин Адам, Доминика и Анита Рубин. Лилијен Бузас, Ѓерд Бузас и Амира Џесика Бузас.
Неколку часа по исчезнувањето на децата, на листата на исчезнати лица е додадена и 39-годишната жена Ержебет Анита Пап.
„Тоа сугерира дека децата исчезнале заедно и најверојатно возрасната жена ги земала со неа“, објави поранешниот инспектор Атила Молнар.
Повеќе детали прочитајте ТУКА.
