Најпознатиот јутјубер и инфлуенсер Богдан Илиќ, попознат како Бакa Прасe, ги изненади своите фанови за време на живото пренесување кога откри дека очекува неговата годишна заработка да достигне неверојатни 6 милиони евра!
Бакa Прасe, кој со години важи за еден од најпопуларните креатори на интернет во регионот, постојано ја зголемува својата публика и влијание, а оваа сума ја потврдува неговата позиција како еден од најуспешните дигитални инфлуенсери.
Фановите веднаш реагираа со коментари и изненадување, а многумина ја споредија неговата заработка со светски познати јутијубери. Овој успех го покажува колку пазарот на дигитални креатори може да биде профитабилен за оние кои знаат како да ја искористат својата популарност.
