Фото: Принтскрин
Израел и САД извршија напад врз Иран при кој го ликвидирале лидерот на земјата, Али Хамнеи, а сега се појавуваат детали за операцијата.
Израелските и американските шпиони ги следеле и најситните детали, односно секој чекор на иранскиот лидер. Тие знаеле каде е, што јаде, кога спие и како да се стигне до него.
Според изворите на „Ерусалим Пост“, секој пилот, а имало над 200 авиони, имале своја листа со цели при што биле погодени специфични објекти.
Почетниот напад го погодил командното седиште и оперативните соби поврзани со иранската безбедносна организација.
Отприлика два часа по почетните напади, Иран почна напади кон целите во САД и испали ракети кон Израел, а нападите меѓу земјите продолжија и во следните часови.
Како изгледаше палатата на Хамнеи по нападот може да се погледне ТУКА.
