Фото: Принтскрин
Американските медиуми пишуваат дека поранешниот учесник во музичкото шоу „Американски Идол“, Кејлеб Флин е уапсен во Охајо поради сомнение дека ја убил својата сопруга Ешли Флин.
Кејлеб бил приведен и обвинет за убиството, иако се изјаснил за невин при првото појавување на Суд.
Според полициските извештаи, Ешли била застрелана од пиштол во 2.30 часот по полноќ во понеделникот, при што Кејлеб се јавил на „911“ и пријавил дека неговата сопруга е повредена, а постои можност во нивниот дом да има натрапник.
