Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Пронајдено оружје: 20-годишник сакал да направи масакр во Македонија со калашников

Gladiator 20/02/2026

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека било пронајдено големо количество на оружје, а притоа биле уапсени две лица од кои едното се заканувало дека ќе направи масакр.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам до ОЈО ГОКК достави кривична пријава против дваесет годишен жител на Мала Речица за сторено кривично дело Тероризам, дополнително до ОЈО Тетово достави кривична пријава против 89 – годишник за кривично дело Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Осомничениот К.Х (20) на крајот на месец јануари годинава преку социјалната апликација „Discord“ испратил сериозна закана дека е подготвен да изврши напад со огнено оружје – автоматска пушка АК-47 позната како Калашников, притоа појаснувајќи дека истиот е со нарушено психичко здравје. Инспирација за ваков напад , му бил настан од 14.12.2012 година во САД кога Adam Lanza – 20 годишно момче, во Училиште во САД со автоматка пушка убило 26 лица од кои 20 деца.

По добиени информации од Амбасадата на САД во Скопје дека од страна на ФБИ е поднесено барање за итно откривање на „Discord“ профил што се наоѓа во нашата земја, а од каде што се упатени сериозните закани, МВР во координација со ОЈО ГОКК презедоа дејствија за откривање на сторителот. По идентификација и лоцирање на корисничката адреса на 17.02.2026 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Сектор за борба против тероризам со асистенција од САЕ Тигар и во координација со OJO ГОКК, извршија претреси во дом и други простории на локација во Мала Речица, тетовско.

За време на претресите кај К.Х. и кај членови на неговото потесно семејство пронајдени и одземени се повеќе предмети кои се предмет на кривично дело и тоа: различен вид и калибар на огнено оружје, автоматска пушка АК-47 со две рамки со 40 куршуми 7.62х39мм, пиштол „М57“ со две рамки со 49 куршуми, пиштол „CHEROKEE“ со две рамки и повеќе од 600 куршуми 9мм, тактички елеци, борбени елеци (панцир), ножеви со различна должина на сечиво и разни електронски доказни материјали. Две лица се лишени од слобода и притоа против К.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО ГОКК за кривично дело „тероризам“ по член 394-б став 2 од КЗ, а против Џ.Х. е поднесена кривична пријава до ОЈО Тетово за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ по член 396 од КЗ“, соопшти МВР.

Continue Reading

Previous: (ФОТО) „Чантата чини 944 денари, а не 30.000 евра“, реагира сопругата на градоначалникот Ѓорѓиевски
Next: (ФОТО) „Каде ќе ви оди душата!?“: Четири кутриња фрлени во контејнер во Скопје

Најново

  • (ФОТО) Министерот Тошковски сподели прекрасна вест: Станав татко по трет пат – добивме син
  • (ФОТО) Почна да се гради уште еден маркет на „Лидл“ во Македонија
  • (ВИДЕО) „Ќе направиме сè што можеме“: Русија испрати нова порака по нападите на Блискиот Исток
  • (ВИДЕО) Американците објавија како изгледале првите 100 часа од операцијата „Епски бес“
  • (ВИДЕО) Грција ќе го брани небото над Кипар, а уште четири европски земји испраќаат бродови

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ФОТО) Министерот Тошковски сподели прекрасна вест: Станав татко по трет пат – добивме син

(ФОТО) Министерот Тошковски сподели прекрасна вест: Станав татко по трет пат – добивме син

05/03/2026
(ФОТО) Почна да се гради уште еден маркет на „Лидл“ во Македонија

(ФОТО) Почна да се гради уште еден маркет на „Лидл“ во Македонија

05/03/2026
(ВИДЕО) „Ќе направиме сè што можеме“: Русија испрати нова порака по нападите на Блискиот Исток

(ВИДЕО) „Ќе направиме сè што можеме“: Русија испрати нова порака по нападите на Блискиот Исток

05/03/2026
(ВИДЕО) Американците објавија како изгледале првите 100 часа од операцијата „Епски бес“

(ВИДЕО) Американците објавија како изгледале првите 100 часа од операцијата „Епски бес“

05/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ФОТО) Министерот Тошковски сподели прекрасна вест: Станав татко по трет пат – добивме син
  • (ФОТО) Почна да се гради уште еден маркет на „Лидл“ во Македонија
  • (ВИДЕО) „Ќе направиме сè што можеме“: Русија испрати нова порака по нападите на Блискиот Исток
  • (ВИДЕО) Американците објавија како изгледале првите 100 часа од операцијата „Епски бес“
  • (ВИДЕО) Грција ќе го брани небото над Кипар, а уште четири европски земји испраќаат бродови

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.