Фото: Принтскрин
Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска реагираше откако премиерот Христијан Мицкоски кажа дека Владата се откажала од намерата да набави нов авион.
Тренчевска посочи дека планираните пари за авионот треба да се пренаменат за зголемување на платите.
„Нема повеќе оправдување дека нема пари. Штом биле планирани за нов авион, а нема да се купува, тогаш може да се обезбедат пари за зголемување на минималната плата, односно пари има“, посочи Тренчевска.
