Фото: Принтскрин
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов објави дека со 21 човек утре во 11 часот ќе ја блокираат Владата.
ССМ планира да прави и генерален штрајк на кој се очекуваат голем број на работници кои не се задоволни од минималната плата и бараат зголемување на истата на 600 евра за подостоинствен живот во Македонија, со оглед на тоа дека сегашниот минималец не е доволен за основните потреби.
