Фото: Принтскрин
Еден корисник на „Редит“ постави прашање дали сите кои заминале во Австрија, Швајцарија, Германија и други земји успеваат да заработат и заштедат пари во земјите.
„Вечерњи.хр“ објави дел од коментарите на гастербајтерите кои тврдат дека во тие земји е многу подобро, односно поголема е заработката.
„Клучот за преселбата е другиот начин на живот, а не работа, заштеда и враќање во Хрватска, тука луѓето се депримирани и несреќни“, пишува во еден од коментарите.
Друг корисник вели дека живее во Шведска, а месечно имаат повеќе од 5.000 евра за трошење, штедење или инвестирање.
„Мојот братучед работи во Германија, има плата над 3.000 евра. Успева да заштеди, но не живее, тку работи и тоа е тоа. Станот го дели со уште неколку лица“, вели друг корисник на „Редит“.
