Фото: Принтскрин
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов кажа дека понудата за зголемување на платите уште е активна, но следен пат нема да дојдат со понуда, туку со генерален штрајк ако не се зголемат платите.
„Добар ден на сите освен на газдите и следачите. Тука сме кај газдите, кај истите оние кои избркаа цели наши семејства во странство. Кај газдите кои одбиваат да ја зголемат минималната плата и кои одбиваат да ги зголемат останатите плати. Понудата за зголемување на платите уште е на маса, следниот пат ќе дојдеме со генерален штрајк кој ќе ги чини нив многу повеќе од нашите работнички плати. Само еден ден затворање на компании, институции и држава, може да ја чинии државата повеќе од цело годишно зголемување на работничките плати“, посочи Трендафилов.
