Фото: MUP RH
Полицијата во Белград го уапсила 46-годишниот С. Г. кој револтиран поради отказот од работа се вратил со бензин и сакал да го запали локалот.
Припадниците на полицијата го привеле мажот кој извршил кривично дело предизвикување општа опасност.
Драмата се одиграла во угостителски објект откако осомничениот, кој добил отказ неодамна, решил да се пресмета со поранешниот работодавец.
Тој пристигнал во локалот со шише бензин, по што го полеал и запалил оган. Веднаш потоа избегал со надеж дека нема да биде забележан, меѓутоа полицијата го уапсила.
