Фото: Принтскрин
Почина д-р Коста Лазаров Балабанов, кој ќе остане запаметен како истакнат историчар на уметноста и чувар на македонското културно наследство.
„Со длабока почит се простуваме од д-р Коста Лазаров Балабанов, истакнат историчар на уметноста и посветен чувар на македонското културно наследство. Неговиот живот и дело оставија неизбришлива трага во науката, културата и колективната меморија на Македонија“, објави Министерството за култура.
