Фото: Принтскрин
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски се запиша меѓу стрелците во убедливата победа на Ренџерс од 5-1 против Килмарнок, во рамки на шкотското првенство.
Напаѓачот имаше запазена улога на натпреварот, а својот момент го искористи во 58. минута кога со атрактивна завршница го донесе водството на Ренџерс од 2-0 и практично го насочи мечот во корист на својот тим.
Миовски продолжува со солидните партии оваа сезона, во која досега одигра 31 натпревар во сите конкуренции, при што реализираше осум погодоци и запиша една асистенција.
