Во Кочани и Битола повторно тензии на улиците поради полициски акции против возење без дозволаПопладнево во кочанската населба Трајаново Трло избувна незадоволство кај група граѓани откако полицијата им ги одзеде возилата поради управување без возачка дозвола. Луѓето излегоа на улиците, запалија гуми на улицата „Цветан Димов“ и привремено го блокираа сообраќајот. Противпожарните екипи и полицијата брзо интервенираа, го изгаснаа огнот и го раширија протестот без поголеми инциденти.
Од институциите велат дека таквите акции се законски и дека палењето на гуми и блокирање на патишта претставува прекршок на јавниот ред, па најавуваат соодветни мерки и кривични пријави.Слична сцена се случи и кај Битола – на излезот кон Ресен, во делот познат како „Ромска населба“, околу 200 луѓе го блокираа патот со запалени гуми и други отпади. Тие реагираа откако полицијата им заплени три автомобили на тројца возачи кои биле без регистрација и без возачка дозвола.
Сообраќајот беше целосно запрен на тој потег, а граѓаните гласно изразуваа револт – некои дури викале дека им одзеле коли вредни илјадници евра.Овие два инцидента доаѓаат во време кога МВР засилено контролира и одзема возила од лица што возат без соодветни документи, според измените во законот за безбедност на сообраќајот.

Фото: Radio Kocani – Facebook
